Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожарот што стигна до куќите во Иловица е подметнат – најдени се сечени гранки и запалка, рече градоначалникот на Босилово

/

Македонија

Сподели преку :

Струмичките пожарникари ги изгаснаа двата големи пожари-во Иловица и Колешино.

Пожарот во Иловица се приближи на само 100 метри до првите куќи а во  Колешино гореше  погон за обработка на картон.

„Огнот зафати поголема површина со сува трева и грмушки и беснеше околу 2–3 часа. На терен интервенираше екипа на ТППЕ Струмица со едно навално возило-цистерна и едно теренско возило, а во гаснењето активно се вклучи и месното население со лопати, канистри со вода и земјоделски прскалки, се наведува во објавата на пожарникарите“, соопштија од пожарна  Струмица.

Според градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев  пожарот е подметнат а на местото нашле гранки  сечени со секира и запалка.

Вчера околу 17:30 часот избувнал пожар и во село Колешино, во погон за обработка на картон.

„На терен беа ангажирани 5 против пожарни возила и 14 пожарникари, кои со брза и координирана интервенција успешно го ставија пожарот под контрола и успешно го локализираа. На терен е оставено дежурно против пожарно возило со пожарникари-спасители, информира од ТППЕ Струмица.

Jumbo 2