Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Татко, син и млад фудбалер загинаа во две сообраќајни несреќи при директен судир на возила – тројца млади се борат за живот

/

Македонија

Сподели преку :

На кривината во близина на полициската хеликоптерска база Брест се случила тешката несреќа во која загинаа татко и син, а ќерката и уште две момиња од друго возило се тешко повредени. Остатоци од изгорено возило и парчиња од автомибилите останале по полицискиот увид. Несреќата се случила синоќа околу два часот по полноќ кога опел корса со кумановски регистарски ознаки, управуван од 19-годишен кумановец се судрил директно со Хјундаи во кое биле настраданото семејство. По сударот, корсата се запалила, а возачот и уште едно момче успеале да излезат. Во хјундаито останале заглавени таткото, синот и ќерката. Преживеала само девојката со тешки повреди.

„Лицата кои го загубија животот во страшната сообраќајна несреќа биле извлекувани  со противпожарно возило“ .

Тројцата тешко повредени се во клинички центар во критична состојба.

„Сите тројца пациенти се во животна опасност се прават испитувања треба да се направат дополнителни интервенции “ рече Игор Мерџановски, директор на ТОАРИЛУЦ

Ова не е единствената сообраќајка со жртви. Три часа пред несреќата во Миладиновци, во близина на преминот Стража во судар на две возила загина еден 21-годишен, а тројца се повредени.

„Во несреќата, од страна на лекар од Итна медицинска помош на лице место е констатирана смрт кај возачот Д.Н., додека останатите три лица се пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар каде им се констатирани телесни повреди. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар“, соопштија од МВР.

Фудбалерот кој загина во сообраќајката кај Стража е 21 годишниот Даниел Николовски кој во минатото бил дел од младинските категории, а потоа и од сениорскиот тим на ФК Тетекс.

Софија Бислимовски

 

Jumbo 2