Има повеќе информации за побарано мито во повеќе институции кои се следат, но нема од нјависоките функционерски редови, премиерот Мицкоски со нови детали за идни случаи за кои се водат истражни постапки.Тој на прашањето на Телма по двата двата последни случаи за мито барано од помошник директор во царина и од возач на владиниот генсек, вели дека повеќе други пријави кои се истражуваат.
-Во моментот има повеќе пријави, во области во институциите. На тоа ниво, во рамките на сектори. Следиме уште неколку случаи. И чекаме тоа што го побарале од странките да се дрзнат да го земат. на корупција во институциите и чекаме и тоа, да го земат тоа што го побарале од граѓаните. Еве однапред кажувам и ги повикувам сите граѓани кои ќе бидат жртва на било каква системска корупција, да пријават. Без исклучок, секој ќе биде санкциониран. Јавно го кажувам тоа. Имаме информации за неколку случаи и ги следиме, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашањето на Телма без да прецизира детали за митаџиите со коментар дека не може и датумот на раќање да им го каже.
Не само Мицкоски,туку и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кои ги води овие случаи ги повикаа граѓаните да пријавуваат мито, а владата заедно со невладината Транспаренси Интернешнл ќе отвора комуникациски канал на кој ќе може да се пријавуваат вакви случаи. Слични проекти имало и низ минатите децении, но корупцијата остана.
ОЈОГОКК водено од обвинителот Ислам Абази е под критика на премиерот и на други функционери, но според нивните соопштенија, конкретното обвинителство останува адреса со доверба каде граѓаните пријавуваат корупција и тоа се случило во два наврати за една недела- кога возачот на генералниот секретар Јанушев во скопската населба во Аеродром беше фатен со мито барано за да вработи пожарникар, а пред два дена исто така по пријава на граѓанин за помош во јавна набавка беше уапсен и помошник директор во Царината. Премиерот пак тврди дека според неговите информации не е така.
-Не би се сложил дека граѓаните пријавиле во обвинителството,но нема да давам повеќе детали во интерес на истрагата, вели Мицкоски.
И двајцата митаџии се во притвор, а за третиот исто така фатен по пријава од граѓанин во ОЈОГОКК во март, поранешниот директор на Инспекторатот за земјоделство Васе Анакиев започна судењето.
Миомир Серафиновиќ













