Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе привлече ли новиот инвеститор повеќе корисници на парно од Чаир и Бутел, новата централа во Скопје Север ќе испорачува греење дома, струјата ќе ја продава надвор

/

Економија

Сподели преку :

Во земјава ќе испорачува топлинска енергија, струјата ќе ја продава надвор. Во кругот на топлната Скопје Север се пушти во употреба новата когенеративна централа која паралелно ќе произведува и струја, а ќе обезбедува и греење,  На оваа топлана од која со греење можат да се снабдуваат жителите на Бутел и Чаир има најмалку приклучени –  околу 500 тини  потрошувачи , но очекувањата и на инвеститорот и на надлежните во земјава се дека ќе се зголеми бројот на корисници.

Од оваа топлана изминатиот период имаше најмногу исклучувања,  па сега останува да се види како инвеститорот ќе најде начин да ги мотивира овие граѓани да се вратат на мрежата нешто од што многу зависи и каква ќе биде и цената за парното греење за овие потрошувачи.

Сепак, струјата која ќе се испорачува од оваа централа барем за сега ќе се продава на отворен пазар, а допрва ќе се види дали некој на домашен терен ќе сака да склучи договор.  Инвестицијата е 2, 5 милиони евра, а капацитетот од над 2 мегавати.