Неделава огромни количини отпад повторо пловеа по реката Вардар, како неколку пати годинава и лани, а сега беше забележано кај тетовско Сиричино. Денес претпладнево, исто како во април годинава, низ Гостивар, со часови Вардар течеше со непрепознатлива бела боја и непроѕирност на водата.
На реката не и требаат човековите отпадоци, таа треба да го чува својот природен тек. Секоја постапка која е спротивна на природните процеси во иднина негативно ќе влијае врз целокупното население, предупредува пензионираниот специјалист по здравствена екологија, д-р Ратко Давидовски.
На пример, фрлената пластика во реката, почнува да се разградува па микро честички преку водата, храната и рибите стигнува и до луѓето.
Течението на реката Вардар под земја е дупло пошироко отколку на површината што е Микропластиката навлегува во подземните води, а преку подземните води може да се загадат бунари, покрај течението на реката Вардар и сите подземни води.
Загадувањето на Вардар и на било која друга река не е само еколошки, туку и јавно здравствен проблем. Има документирани студии каде што се докажува дека загадените реки влијаат луѓето да се разболуваат.
Едно од последните испитувања покажувадека од 10 случаи на рак на простата, во 9 се најдени значи 90 посто микропластика, меѓутоа засегнато е секое ткиво, отпрво од кожата. Иритација на кожата.
Докторот потсетува дека човековото несоодветно оштетување на речните води носи опасност и за флората и фауната.
Александар Самарџиев













