Двајца лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на патот Илинден–Миладиновци, кај полициската база Брест, во близина на Меѓународниот аеродром Скопје.
Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ, кога „Опел Корса“, управуван од 19-годишен кумановец, директно се судрил со „Хјундаи И30“, управуван од 51-годишен жител на Марино.
На местото на несреќата починале возачот на „Хјундаито“ и неговиот 18-годишен син, додека нивната 18-годишна ќерка е тешко повредена.
Со тешки повреди се здобиле и 19-годишниот возач на „Корсата“ и неговиот 18-годишен сопатник, кои биле пренесени во болница во животозагрозувачка состојба.
Јавен обвинител, вешто лице и увидни екипи на МВР извршиле увид, а издадени се и наредби за обдукција на починатите.
Се утврдуваат причините и околностите за несреќата.

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на патниот правец меѓу Стража и Гостивар. Според првичните информации, во несреќата има загинати и повредени лица. На местото веднаш пристигнале полициски и медицински екипи, а во тек се активности за расчистување на последиците од несреќата. Засега нема официјални информации за точниот број на загинати и повредени, ниту за… Продолжи со читање













