Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на патниот правец меѓу Стража и Гостивар. Според првичните информации, во несреќата има загинати и повредени лица.
На местото веднаш пристигнале полициски и медицински екипи, а во тек се активности за расчистување на последиците од несреќата.
Засега нема официјални информации за точниот број на загинати и повредени, ниту за околностите под кои дошло до судирот.
Се очекуваат дополнителни информации од Министерството за внатрешни работи и надлежните служби.













