Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Берзата затвори со скоро 10% поскапа нафта – нови мерки за горивата нема, какви цени не очекуваат од понеделник

/

Економија

Сподели преку :

Берзанската недела нафтата ја заокружи со скоро 10 отсто повисока цена – сигнал што повторно го вклучи алармот што ќе се случува со цената на горивата во понеделник. Освен намалената акциза, нови мерки во овој дел засега не се планираат. Премиерот Мицкоски  повторно спомена – земјава се уште е со најниски цени на горивата во Европа и не може оваа цена да се споредува со куповната моќ на граѓаните и просечната плата меѓу државите.

„Кога купувате производ од исто место тогаш не можете да го споредувате со куповната моќ на граѓаните бидејќи тоа е исто како да споредувате кајсии со лимони и да речете дека е тоа исто. Не не е исто различен тип на овошје е едното различен тип на овошје е другото“, рече Христијан Мицкоски – премиер

Од опозицијата пак со обвинувања – стандардот на граѓаните е толку низок што не можат да си го дозволат како што велат и  тоа наводно најевтино гориво.

„На дното сме во од земјите во регионот по количина на гориво која граѓаните можат да ја купат со примањата. ете тука не доведе оваа власт“, вели Венко Филипче- претседател на СДСМ.

Во последните 5 години, горивата биле најскапи во 2022 кога за време на претходната енергетска криза, дизелот се продаваше по цена од 110 денари по литар, а цената на бензинот достигнала и до 111,5.

Но, притисокот не е само кај цената на нафтата.  Растат и цените на гасот и на струјата. Сепак, премиерот уверува дека пред нас е зима во која не се очекуваат енергетски шокови, потенцирајќи дека повеќе го загрижува неизвесноста односно немањето сигнал кога воениот конфликт ќе заврши.

И покрај  ваквите турбуленции на берзите уверува дека од јануари цената на струјата ќе остане стабилна. Но останува отворено прашањето дали ќе има простор и за поевтинување појасна. За тоа појасна слика ќе има откако ќе почне грејната сезона за која премиерот тврди дека ќе ја дочекаме подготвени.

Во моментот цената на струјата на берзите се тргува и по  200 евра за мегават час, додека рекорди руши и цената на гасот, што е сериозен сигнал дека ако не се смират тензиите, може да се навлезе во една подлабока енергетска и економска криза.

Ирена Чачкова

 

 

Jumbo 2