Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европа купува рекордни количини на руски арктички гас – раст на увозот за 10 отсто во првите осум месеци од оваа година

/

Економија

Сподели преку :

Европа оваа година платила рекордни 7,3 милијарди евра за течен природен гас (ЛНГ) од рускиот арктички проект Јамал. Со тоа, уште во првите осум месеци од оваа година е надмината вкупната вредност на увозот од цела 2025 година. Иако европските функционери јавно заговараат прекинување на економските врски со Русија, податоците покажуваат спротивен тренд, пишува Еуроњуз.

Во транспортната мрежа доминираат две европски компании – шкотски Сипик и грчки Динагас. Бродовите поврзани со нив превезле 72 отсто од вкупниот увоз на ЛНГ од Јамал. Шест танкери од типот Арк7 поврзани со Сипик транспортирале 4,73 милиони тони, дфодека бродовите на Динагас превезле околу 4,5 милиони тони.

„Европа тврди дека дека се оддалечува од руските енергенси, но податоците го покажуваат спротивното. Во првите осум месеци Европската Унија презела 10 посто повеќе ЛНГ од Јамал, што претставува речиси девет од секои 10 тони извезени преку тој проект“, вели Александер Кирк од невладината Ургевалд.

Анализата на невладината Ургевалд открива дека европските пристаништа од јануари до август во 2026 година примиле 156 пратки со ЛНГ од Јамал. Вкупната количина од 11,39 милиони тони, пак, претставува пораст од 10,1 отсто во однос на истиот период лани.

„Купувачите од Европската Унија очигледно максимално го зголемуваат увозот пред забраната која стапува на сила во јануари во 2027 година. Најголем дел се испораки од постоечките долгорочни договори, додека увозот на ЛНГ во основа на краткорочни договори е забранет уште во април оваа година“, изјави Чарлс Костероуз, енергетски аналитичар во компанијата Кплер, за Еуроњуз.

Аналитичарите наведуваат дека зголемената потрошувачка е резултат на комбинација од повисоките цени на гасот во Европа и големиот број на испораки. На зголемиот увоз влијаеја и војните на Блискиот Исток кои ја нарушија клушната енергетска инфраструктура низ Ормускиот Теснец. Најголеми европски увозници на руски арктички гас се Франција со 4,4 милиони тони, Белгија со 3 милиони тони, Шпанија со 2,7 милиони тони и Холандија со 1,1 милион тон.

Порастот на трговијата се случува во чувствителен политички момент. Европските лидери во недела (13 септември) ќе отпатуваат во Рованиеми, Финска, на Европски арктички самит, додека дипломатите во Брисел го подготвуваат 22-от пакет санкции за Русија во кој Грција се избори за исклучок од целосна забрана за увоз на руски ЛНГ.