Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изгореа 20 дуќани во Шуто Оризари во сопственост на ист газда – се истражува дали пожарот бил подметнат

/

Македонија

Сподели преку :

Вака изгледаат повеќе од дваесет дуќани во Шуто Оризари по синоќешниот пожар – целосно опожарени, со изгорена конструкција, оштетен покрив и остатоци од инвертарот. Пожарот траел од 3 часот и триесет минути па се нешто до пред седум часот утрово. На терен интервенирале 15 пожарникари со 6 возила. Повредени нема.

Утринава пожарот беше целосно изгаснат, но непријатната миризба се уште се чуствувавше. Граѓаните се уште се во неверување од тоа што се случило.

„Сабајлето го забележав пожарот кога поминав со кола. Тоа стварно изгледаше како нешто невозможно. Жално е тоа што се случило. Пожарот мора негде да избил, дали причина е струја или пак е подметнат тоа никој не знае“

„Чудо видовме. Никој не знае и не кажува што и како се случило. Само знаеме дека сите овие дуќани изгореа и толку“

„Сега на поминување ја гледам штетата. Ноќеска не сум бил овде, навистина не знам што и како се случило“

„Одиме во џамија, не не интересира нас ова“

Од МВР велат дека извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

„Денеска околу 3:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговскиот центар на подрачјето на Шуто Оризари опожарени биле над 20 дуќани со текстилна и друга роба сопственост на С.С. кои ги има дадено под закупнина“, велат од МВР

Истрагата треба да утврди како настанал пожарот, дали е подметнат и евентуално кои биле мотивите за тоа.

Тамара Марковска

Jumbo 2