Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДУИ: Истрагата за 17.500 евра да го открие целиот синџир

/

Македонија

Сподели преку :

ДУИ бара истрагата за уапсениот заменик-директор на Царинската управа, кој беше фатен со 17.500 евра, да не заврши со неговото апсење, туку да ги опфати и сите лица што стојат зад случајот. Од партијата велат дека, според информациите од обвинителството, парите наводно биле побарани за користење влијанија во две постапки пред Царинската управа.

„Ако овие пари не биле само за него, тогаш граѓаните треба да знаат. За кого ги земал? Кому требало да ги предаде? Кој стоел зад него? Кој требало да има корист од влијанието во овие постапки?“, велат од ДУИ

Оттаму додаваат дека истрагата треба да стигне до секоја политичка партија

„17.500 евра беа фатени во раце. Сега мора да се открие за кого биле”, велат од ДУИ

Jumbo 2