Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Марш на стотици граѓани по улиците на Белград – поддршка за Зоран Кесиќ по укинувањето на емисијата

/

Свет

Сподели преку :

Стотици граѓани на улиците во  Белград, синоќа  маршираа во знак на поддршка на екипата на сатиричната емисија „24 минути со Зоран Кесиќ“, откако таа беше отстранета од телевизиската програма. Пред зградата на српското претседателство одекнуваше пораката „Студентите победуваат“.

Собирот започна на плоштадот „Никола Пашиќ“, по повик на повеќе новинарски здруженија и медиумски организации. Учесниците потоа поминаа покрај српското Собрание и претседателството, а дел од возачите со сирени им изразуваа поддршка.

Организаторите порачаа дека протестот не е само за судбината на една емисија, туку и за сè потесниот простор за слободно, критичко и сатирично новинарство во Србија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TV NOVA (@novas.tv)

 

Зоран Кесиќ пред присутните праша како една емисија што била претставувана како „маргинална“ успеала да собере толку многу луѓе на улиците.

„Ова не е парастос, туку воскресение“, порача Кесиќ и најави дека „24 минути“ ќе продолжи на Јутјуб. Новото издание е најавено за 19 септември во 19 часот и 30 минути.

Собирот го покажа незадоволство од состојбата со медиумските слободи во Србија. Пораката „Студентите победуваат“, која се слушаше пред претседателството, го поврза маршот со повеќемесечните студентски и граѓански протести низ земјата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TV NOVA (@novas.tv)