Западнонилската треска се лекува, но кај потешките случаи, може да остави последици. Кај пациентите со невроинвазивна форма, откако ќе зврши болничкото лекување, треба да продолжат да се јавуваат на редовни котроли. Невролошките симптоми може да потраат со месеци, објасни директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана.
-Кај овие пациенти тие невролошки симптоми што ги имаат треба да продолжат да се следат и по индикација да бидат прегледани од страна на невролог“, изјави Фадил Цана, директор на Клиниката за инфективни болести.
Министерот за здравство, Сашо Клековски вели дека неворолзите се известени, и клиниките се подготвени да ги примат и следат овие пацинети.
-Ми се чини дека пред две-три недели ги информиравме на Клиниката за неврологија, соодветните невролошки установи и Клиниката за физикална терапија да бидат подготвени за пациентите на кои ќе им биде потребна понатамошна рехабилитација“, Сашо Клековски, министер за здравство.
Епидемијата полека стивнува, во последните две недели има само 4 нови случаи. Во моментов шест пациенти се хоспитализирани на Инфективната клиника, од кои двајца се на респиратор. Досега починаа 8 пацинети, сите се повозрасни мажи, кои имале повеќе хронични заболувања.
Тамара Марковска













