Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дваесет луѓе загинаа, петмина исчезнати – се запали странски товарен брод на пристаниште во Кина

/

Свет

Сподели преку :

Дваесет луѓе загинаа, а петмина се водат како исчезнати, откако се запали странски товарен брод во кинеското пристаниште Кингдао.

Од 42 лица на бродот во моментот на пожарот, 12 биле евакуирани, а петмина се хоспитализирани во стабилна состојба. Кинеските медиуми објавија дека бродот бил на поправка во бродоградилиштето Кингдао Беихаи.

По несреќата, кинескиот претседател Сји Џинпинг побара итна и сеопфатна операција за пребарување и спасување. Тој, исто така, нареди брза истрага за да се утврдат точните причини за пожарот.