Шпанските разузнавачки служби предупредиле за повиците на социјалните мрежи за масовен премин од Мароко во Сеута, ден пред десетици илјади да влезат на територија на Шпанија во Африка, покажуваат неодамна објавените владини документи. Материјалите беа објавени поради обвинувањата дека владата не споделила во целост за масовниот прилив на луѓе од Мароко.
Националната разузнавачка служба на Шпанија (ЦНИ) на 29 јули ги известила мароканските власти и локалните власти во Сеута дека одредени групи на социјалните мрежи ги поттикнуваат луѓето да ја минат границата.
Шпанската ЦНИ на 29 јули ја известил мароканската разузнавачка служба дека идентификувале групи на Ватсап и на Фејсбук кои поттикнувале луѓе да одат во шпанската енклава, „пливајќи крај граничната ограда“.
„Кој сака да оди, има последна шанса на Денот на престолот (30 јули) во осум часот. Властите (на Сеута) ќе бидат фокусирани на прослави и паради за време на празникот“, е пораката и слични на оваа кои биле примени до околу 180.000 луѓе, предупреди ЦНИ.
„Настаните не можеа да се предвидат“, рече претходно шпанскиот премиер Педро Санчез. Но, опозициските партии обвинуваат дека документите го демантираат премиерот. Санчез претходно во парламентот изјави дека „нема информации кои би можеле да укажат на размертите на криза што ќе ја претрпиме во последните денови од јули“.
Најмалку 72.000 луѓе ја минаа границата од Мароко и влегоа во Сеута на 30 и 31 јули. Најголем дел од нив пливаше околу граничната ограда, пришто најмалку 100 го загубија животот според податоците на градоначалникот на Сеута.
Големо мнозинството од нив се врати во Мароко. Во Сеута останаа околу 5.000 во импровизирани одмори или спијат на градските улици и плажи, поради што доаѓа во немири во автономниот шпански град во северна Африка.












