Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Телма открива од кои три држави е барана екстрадиција на бегалецот Перпарим Бајрами кој утрово сам се врати по бегство од 21 месец

/

Македонија

Сподели преку :

Македонија барала од три држави, екстрадиција на бегалецот Перпарим Бајрами, а иако полициските служби имале информации дека можеби се крие во уште една европска држава, четврта по ред, никогаш таа информација не била потврдена и барано испорачување на поранешниот директор на Лотарија.

Две држави од кои е барана ектсрадиција се соседни држави на Македонија, а третата е на Блискиот Исток. Од истите држави на исти датуми е барано испорачување и на Артан Груби, обвинет во истиот случај со Бајрами.

Полицијата ги известувала надлежните во Министерството за правда за можни сознанија каде се наоѓа Перпарим Бајрами по што е упатено барање екстрадиција од Косово, Албанија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) односно Дубаи.

ОДГОВОР ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА:

  1. На 19.12.2024 година примено е известување од МВР – СМПС дека „според можни сознанија поседуваме информација дека лицето Перпарим Бајрами е во Косово. На 20.12.2024 година направено е барање за екстрадиција за Перпарим Бајрами за Косово.
  2. На 27.02.2025 година примено е известување од МВР-СМПС дека Перпарим Бајрами во моментов се наоѓа во Албанија. На 12.03.2025 година направено е барање за екстрадиција за Перпарим Бајрами за Албанија
  3. На 30.10.2025 година примено е известување од МВР-СМПС дека „според можни сознанија поседуваме информација дека лицето престојува во Обединетите Арапски Емирати“ На 26.01.2026 година направено е барање за екстрадиција за Перпарим Бајрами за ОАР.

Од Министерството за правда одговорија и дека „сите известувања за тоа каде се наоѓаат лицата се примени од МВР-СМПС и по секое известување е постапено.“

За секое известување Министерството за правда барало и примиле списи од скопското обвинителство преку државното обвинителство (ЈОРСМ) и веднаш откако се примени за секоја држава направено е и пратено барање за екстрадиција за Бајрами.

Слично сценарио со три барани екстрадиции беше применето и за Артан Груби кој исто така пеш преку Косово се врати во Македонија по бегство од правдата. Груби се појави на границата кај Блаце во средина на февруари 2026-та.

Миомир Серафиновиќ

И бегалецот Перпарим Бајрами пеш ја преминал границата, подолго време имало сознанија дека ќе се предаде од Косово каде се криел од потерницата, има уште истраги за него

Перпарим Бајрами, екс директорот на Државна Лотарија утрово сам се предал на граничниот премин Блаце на македонско-косовската граница. Бајрами беше во бегство од декември 2024-та и по 21 месец се врати на ист начин како Артан Груби, со кого заедно се обвинети за злоупотреба со набавка на опрема и ВЛТ апарати за Државна Лотарија во… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2