Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Безбеден град“ од сабота и во Велес

/

Uncategorized

Сподели преку :

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува со работа и на подрачјето на СВР Велес, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По завршените технички проверки и финалните тестирања, камерите ќе бидат активирани на сообраќајниците во подрачјето на СВР Велес.

Системот ќе овозможи континуиран сообраќаен надзор и навремено регистрирање на прекршоците.

Од МВР апелираат до возачите доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на сообраќајната дисциплина и поголема безбедност на патиштата.