Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со пораки за обединување, визија за иднината, но и потсетување каде сме потфрлиле – Македонија празнува 35 години независност

/

Македонија

Сподели преку :

8 Септември е повеќе од празник на независноста, порача премиерот Мицкоски од свеченоста пред владата, каде беше единствен говорник. Рече дека сака неговата генерација да биде таа што ќе ја внесе Македонија во ЕУ, за чие членство нема алтернатива, сепак потенцира дека пред државата стои „последен предизвик“ не за да го заврши, туку за да го започне патот кон членството.

Порача дека нема компромис за идентитетот, јазикот и културата, а неистомислениците ги повика на обединување во одбрана на државните интереси и подава рака за прашања важни за иднината.

Упати критки и за политичките противници, иако, како што рече, го советувале да не се занимава со нив на свечена пригода.

Тие се фабрика за произведување безнадежност, очај и нихилизам. Омраза која го труе општеството, пера кои клеветат, навредуваат. Како на норма. Таквата губитничка политика треба да нè повлече сите надолу. Секој млад човек да почне да се колеба, да нè прикажат дека сме сите исти кога и сме толку многу различни. Жалам што ќе констатирам но таквите поединци не се достојни за времето во кое живеат и за улогата која се борат. Тие се тегот кој влече надолу, и сето ова е резултат на тоа што тие сакаат власт, поради пари и моќ, не поради идеја и концепт, рече мицкоски.

И премиерт и претседатлеката на државата потенцираа дека изминатите 35 години Македонија се спочи со подемите, падовите, проблеми, двојни стандарди. Силјановска Давкова како еден од најголемите проблеми го посочи и иселувањето на младите во потрага по подобар живот.

Нашата генерациска задача е да ја продолжиме македонската државотворна линија – со заедништво, со достоинство, и со јасна визија за иднината во Европа, порача престедателот на СДСМ Венко Филипче во честитката за Денот на независноста на Македонија.

Да изградиме економски силна, европска држава, со подобар животен стандард, во која училиштата ќе се полнат со деца, наместо да се празнат, а младите своите соништа и својата иднина ќе ги гледаат тука, дома Да изградиме европска држава со систем што функционира и правда што важи еднакво за сите.  ..СДСМ е дел од тој државотворен континуитет – активен учесник во создавањето и развојот на современата македонска држава, во борбата за независност по мирен пат, меѓународното признавање, членството во НАТО и европската интеграција, напиша филипче.

Лидерот на ДУИ пак во честитката акцентот го стави на Рамковиот договор, а упати и порака „да не се враќаме кон политиките што разделуваат, туку да одиме кон држава што обединува“.

Денес, мојата загриженост не е само за она што е постигнато, туку и за она што може да се изгуби доколку заборавиме зошто беа потребни промените од 2001 година. Загрижува кога гледам исклучување во застапеноста, пречки во употребата на јазиците, неинклузивност во културата и јавниот живот или обиди за поткопување и релативизирање на принципите врз кои беше изграден мирот. Треба да бидеме внимателни. Затоа што државите не се ослабуваат со еднаквост. Државите се ослабуваат кога нивните граѓани почнуваат да се чувствуваат исклучени, напиша ахмети.

Наша заедничка должност е да градиме држава во која институциите им служат на граѓаните, во која законите се применуваат еднакво за сите, во која корупцијата не се толерира и во која европската перспектива е заедничка цел, стои во честитката од претседателот на Совбранието Африм Гаши

Елена Ивановска Мукоска

Jumbo 2