Со честитки на македонски јазик дел од странските амбасади во земјава и го честитаа Денот на независноста на Македонија. Пораки беа упатени и за заедничка соработка и европска иднина на Македонија.
На 35 годишнината од независноста Франција упатува честитки на сите граѓани на Република Северна Македонија, и Франција ќе продолжи да ја поддржува земјата во нејзината модернизација и на евроинтегративниот пат, порача во честитката францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер.
Амбасадорот на Велика Британија посебен акцент стави на и стратешкото и меѓувладиното партнерство меѓу двете земји.
Ја потврдуваат заедничката посветеност за унапредување на соработката во надворешната политика, безбедноста и одбраната, особено во рамките на НАТО, како и во борбата против огранизираниот криминал и корупцијата. Честит Ден на независноста, рече британскиот амбасадор Метју Лосон.
Делегацијата на Европската унија во Македонија до македонските граѓани честика за 8 Септември ја испрати преку социјалните мрежи со порака за заедништво.
Сите ние во Делегацијата на ЕУ срдечно го честитаме Денот на независноста на граѓаните на Северна Македонија! Остануваме цврсто посветени на патот на земјата кон интеграција во ЕУ и на понатамошно продлабочување на силното партнерство што го изградивме заедно низ годините, стои во честитката.
Честитка стигна и од НАТО и нејзините воени команди, преку фотографии, видеа и пораки.
Денот на независноста на Македониј и го честитаа и соседите, Албанија, Србија, Црна Гора, земји-члнеки на ЕУ, како што се Австрија, Шведска, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Литванија, Естонија, но и Украина, Турција, Молдавија, Грузија, Ерменија, Индија.
Тамара Грнчароска
https://youtu.be/_0KUhiA4QKA













