Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повеќекратно наградената „ Уна“ на театарот Ѕвездара од Белград од вечерва пред македонската публика

/

Култура

Сподели преку :

Претставата „ Уна“ , која од ланската премиера во октомври во белградскиот театар Ѕвездара, до сега освои награди за најдобро остварување и од публиката,  на фестивалите „ Денови на Зоран Радмиловиќ во Зајечар и на „ Театарот во еден чин“ во Младеновац, вечерва ќе биде изведена во МНТ. Работена е по мотивите на романот на Момо Капор, во драматизација на Стеван Копривица , а во режија на Дејан Пројковски. Улогата на професорот Мишел Бабиќ ја толкува Никола Ристановски. Според него секој мислечки човек се судира со системот, што е вонвременска театарска тема.

  • Театарот генерално има и порив и обврска да ги кажува слободните ставови на одреден мислечки, чувствен човек. Така и во оваа претстава. Таа не се разликува по темата од сите други претстави, кои што сум ги работел, кажа Никола Ристановски- актер.

За оваа улога Ристановски е награден во Зајечар со „ Зоранов мустаќ“ за најдобро актерско остварување, а освои и признанија од Актерската свеченост „ Миливоје Живановиќ  во Пожаревац и од фестивалот „ Театар Фест- Петар Кочиќ“ во Бања Лука. Настапуваат и Магдалена Мијатовиќ,Сена Ѓоровиќ и Марко Гверо. Сценографијата е на соработниците на Пројковски-Валентин Светозарев како автор на сценографијата и Горан Трајкоски, кој ја компонираше музиката.

  • Јас мислам дека Дејан умно се потпре на актерите и дека не ја напушти главната нитка на темата , на самата претстава. Дури и романот е запаметен како некоја друга приказна, рече актерот Ристановски.

По вечерашната изведба, претставата утревечер ќе го отвори Фестивалот на камерен театар „ Ристо Шишков“ во Струмица. Во среда повторно е пред публиката во МНТ, а в четврток ќе биде изведена во Битола.

Сотир Трајков