Во подножјето на Илински врв на Осоговските планини, на надморска височина од 890 метри се наоѓа едно од најстарите села во Македонија. Лесново е познато по Лесновскиот манастир, чистиот планиниски воздух, но и потоа дека е единствената населба во Македонија којашто лежи во јасно сочуван фосилен вулкански кратер, познат и како „Лесновски Кратер“.
Ве остава без здив првата средба, првата глетка кон манастирот и кон селото старо над еден милениум.
Професорот, но и новинар и публицист Стојан Стефановски-Лесновски со многу љубов зборува за своето родно село, ја има напишано и објавено монографијата „1.000 години Лесново“.
Селото Лесново без малку пристраност е меѓу најстарите села во Македонија. Првпат се споменува уште во X век, крајот на X, односно доаѓањето на Свети Гаврил. Тоj бил пустиножител од кривопаланечкото село Осиче, којшто доаѓа во Лесновската Гора, што значи дека Лесново постоело како село и како блиската околина се викала Лесновска Гора. Таму се замонашил во почетокот и после извесно време се поместувал по разните скитови, па се пештерски јами, каде што живееле испосниците и така натаму. И затоа со право збориме дека Лесново е повеќе од 1000 години.“, вели Стојан Стефановски-Лесновски хроничар .
Па токму поради тоа, јас искористив еден момент кога требаше да се одбележи 1000 години од христијанството во Македонија, да да го одбележам со на тој начин, симболичен наслов да дадам на мојата прва книга, односно прва монографска публикација за селото Лесново. Патем да спомнам дека Лесново е сигурно, ако не прво, сигурно е меѓу неколкуте први села коишто имаат своја монографија завршува на 2.07 па се лепи од истиот фајл од 2.39 Интересен податок тука би би спомнал, јас како и јазичар и како лексикограф, и тоа го имам забележано, дека Лесново според лингвистичките карактеристики на говорот на жителите е можеби единствена јазична енклава во Општината Пробиштип, бидејќи се говорот на месните жители од Лесново се разликува од сите соседни села: од Древено, од Злетово, од Луково, од Бучиште, од Добрево, од Марчино и така натаму, каде што обично говорите завршуваат на -у: ќе оду, кажу, можу и така натаму, а додека лесновски во лесновските говори никогаш не се завршува на -у, се завршува со -м: можам, сакам, кажам и така натаму и така натаму.
Тоа е патем го споменувам, затоа што да ако некој помалку упатен ќе рече „од каде, како е тоа можно да е една енклава во општина?“ И јазик да зборуваат односно Тоа било, според моите истражувања, како резултат на големиот број на монаси коишто живееле во Лесновскиот манастир, односно доаѓале од сите краеви на Македони- на Македонија и зборувале на свој на својот народен јазик, односно македонски јазик тогашен, старословенски јазик завршува на 4.02
Името на селото Лесново доаѓа од зборот „лес“, што значи „шума“. Во минатото просторот на којшто се наоѓа селото бил густо пошумен, а потоа се градат старите куќи, по чии дворови и денеска можете да видете мали или големи камени поила за стоката. Кога влегувате во селото од десната страна се наоѓаат пештерите, од кој се вадел најпознатиот воденичарски камен на Балканот. Основната дејност на населението низ вековите била вадењето на камен, но и рударството. Лесновци биле сведоци на најголемата монашка република на Балканот или Лесновска лавра во периодот помеѓу 10 и XIV век, За разлика од многу други села, Лесново 1.000 години ја нема променето својата местоположба. Жителите на Лесново низ вековите имале соживот со монасите на Лесновскиот манастир, почнувајќи пред 1.000 години, кога прв доаѓа Свети Гаврил Лесновски.
Гаврил Лесновски е основачот на Лесновскиот манастир од X век, а Гаврил Гаврил Светогорец, епископ Велички, е со световното име Мијалче Парнаџиев, професор по ликовно воспитување во Учителската школа во Штип, каде беше мој мој професор исто така. Значи практично 10 10 века е разликата помеѓу нив, меѓутоа неупатените често пати наместо да кажат Гаврил Лесновски е еден, а друго е Гаврил Светогорец, епископ Велички. И заради тоа. Меѓутоа, тоа што сакам да го подвлечам за Свети Гаврил Лесновски е пишувано, има житија и така натаму од порано, а додека за овој мојот професор, така да се каже, којшто после кога беше кога дојде во манастирот, ме посетуваше мене и уште од вратата кога ќе го пречекав, кога ќе му речев „професоре“, он се оживуваше во тоа, а е навистина човекот којшто го прероди манастирот на почетокот, бидејќи еден период на од ’48-ма, ’49-та, кога завладеа тој таканаречен социјалистички етатизам и уништување на на манастирите, црквите, дошло до опасност Лесновскиот манастир да го нема, да се уништи.
И едно 10-20 години бил на прагот на опстанок или не. Затоа дури во 80-тите години кога тој Гаврил, мислам Светогорец, доаѓа со својот татко во Лесново и го обновуваат манастирот и оттога се повраќа, бидејќи они како монаси дошле сами двајцата, и таткото и синот, меѓутоа биле многу побожни и така натаму и иако немале ништо во почетокот да да кој да ги помогне, сепак успеале во почетокот да го зацртаат. А вистинската преродба пак на Лесновскиот манастир доаѓа со доаѓањето на сегашниот митрополит Брегалнички, Иларион, којшто крајот на 90-тите години и почетокот на на XXI век практично внесува такви новини и такви активности на градба, не не само на физичка градба, туку и на духовниот монашки живот, така да навистина јас мислам дека Иларион како како свештено лице, меѓутоа и како голем човек, остави таков впечаток да луѓето и сега сите лесновци ако ви кажат некои некои поупатени, помалку упатени, ќе кажат дека тој навистина го прероди Лесново
Ако пред еден век во оваа планинско село имало околу 800 жители, сега во него живеат околу десеттина, но имаат и повратници, кои ги обновуваат старите куќи и се враќаат за викенд или пак да ги поминат пензионерските денови. Седумдесет годишната Вита Стојанова со сопругот се вратиле во Лесново на старото огниште, откако нејзиниот сопруг се пензионирал. Во дворот на семејството Стојанови не пречекаа и домашните мачки, кучиња и едно магаре. Стари предмети низ дворот и во куќата можат да се видат и кај тетка Вита, но и во соседните куќи направени од кал и камен.
Новинарка: Какво село беше?
Вита: Беше убаво.
Новинарка: А сега?
Вита: Сега нема народ. Испобегаа. Нема тука, доаѓаат само у недели има туристи. Така е. Убав животот, чист воздух, сè си е убаво, ама нема народ.
Новинарка: А порано како се живееше?
Вита: Убаво се живееше. Имаше многу по, 40 деца во школо идеа. Од прво до четврто деление, а после тука идеа во Злетово. До осмо, па после во Пробиштип идеа во школо, на средно школо. А сега нема. Најпоследен беше мојот син тука до второ оддделение, и моравме ние да се иселиме од тука во Пробиштип да отидеме, таму он иде до… Мислам до средна школо додека ги заврши. Таму, сега.
Новинарка: Сега во пензионерските денови тука живеете?
Вита: Сега јас не сум пензионер, само маж ми е пензионер. Јас не сум пензионерка, не сум работила никаде, јас не сум пензионер.
Мажот во позадина: А сега како се… ќе си се мапи… не те прима…
Вита: Он зема пензија, со една пензија се одржуваме. Чуваме козички, кокошки… мулка…
Мажот во позадина: Мачки, кучиња…
Вита: Кај, кај бавчичка… садни кромид, лук, компири нешто, патлиџанчиња, пиперки таму.
Новинарка: Убав ли е животот тука или?
Вита: Убав им е, убав е. Овде кој е болен, да дојде да, да се оздрави. Чист воздух, нема, нема галама, нема ништо
Весна Петрова или секој кој што го има посетено Лесново ја знае и како тетка Весна. Покрај тоа што е позната по една од најдобрите и наубавите приказни за рурален турзизам во земјата, тетка Весна е и претседателка на Месната заедница или како што шеговито вели е кмет на селото Лесново.
„ Па, куќи има поприлично, а жители 15 веќе, толку намалено. Кога почнавме во почетокот, имавме соработка со бабите. Тие ме учеа мене да сукам, да правиме, ајвари заедно, кашички правевме, качамак си правевме. Сега, за жал, нема луѓе, многу малку сме. Ама и тие 15 што сме тука, постојани, сме, соработуваме, прекрасна соработка имаме. Телефонски си дружиме, ЕРМЕА си се дружиме. Значи, по порано имаше за 28-ми јануари, Гаврил Лесновски, па фудбал играа, ќе пробам да продолжиме, да продолжиме“, вели Весна Петрова претседател на МЗ Лесново.
Што нуди Лесново, еве, едно од попознатите села?
Манастирот, пред сè, па пештерите. Пошто ние во Лесново немаме ниви, имаме места, секоја фамилија се знае каде ќе го вади воденичкиот камен, на времето, сега нема. И со тоа сме препознатливи .
Што му треба друго на Лесново, еве?
Па, Лесново има од почнато сè и сега да се доврши. Да се доврши и да се одржува тоа што го имаме. Пошто ружи не ни цветаат, веќе коприви и капини ги гледам. Значи, ние Европа вложи доста кај нас, е сега тоа треба соработка ќе си имаме со општина, со и државата треба да нè контролира, пошто ние и да канализација треба, патеки, значи, кога сакаме гости да ни дојдат, имаме проблем со инвалидски колички или бебенца кога ми донесат, ние немаме пат до нас да дојдат. Па со количка се олабавиме да ги донесат или се договараме. И не само ние, и другите маала, ние си ги викаме маала, имаат проблем. Вода имаме, водовод имаме и селски чешми, тие ни се плитки. Сега со топлите денови не смееме да пиеме од таа вода затоа што има пијавици, не е испитана, ќе се створи проблем, тоа е наш ризик и затоа носиме купечка вода. Во село живееме, а пиеме купечка вода тука. Имаме сè, значи имаме сè, само да се, да се доврши.
Да се, и да си го одржуваме, пошто никој не може да ни го откоси дворот нас, ама ние не можеме сами па да го направиме патот до нас или или водоводот или канализација има, сега треба да се прочистува, тоа не се разбираме, нешто треба да се довршува и да се одржува завршува на 5.38
Ливада со поглед кон Лесновскиот манастит, на средината во дворот на семејството Петрови сенка прави слива стара три или четири века, така велат домаќнините, кои своите гости ги пречекуваат токму со ракија направена од слива џанка, домашно вино или сокови кои ги прават од билки или плодови набрани од ливидатите и планината.Тетка Весна останува верна на традицијата и го сука најубавиот Лесновскиот зеленик.
Милена ќерката на тетка Весна има завршено Факултет за туризам и е туристички водич. Не си заминала од Лесново, туку останала да живее со своите родители и да го развива семејниот бизнис со руралниот туризам.
„Живот во Лесново имало и ќе има. Туристи од земјата и странство има поради Лесновскиот манастир, кои доаѓаат во овој божји храм за литургиите во текот на викендите. До едно од најстарите села се пристигнува од три страни, од рударскиот град Пробиштип е одалечено околу 13 километри, а од Злетово е осум километри. Карпи, цркви, стара архитектура, пештери, чист воздух, а за луѓето кои доаѓаат во Лесново бесценет е пред се спокојот“, вели Милена Петрова.
Новинар: Викторија Димитрова-Јованова













