На СДС не им е јасно како може некој да одговара за сторен криминал или корупција, а да не е заштитен од институциите како што се заштитени нивните кадри на чело со Венко Филипче, наведуваат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ како на прес-конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ.
Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, борбата против криминалот и корупцијата се зголемува.
„Системот се менува, а институциите си ја вршат работата. Таков е и случајот со вработениот во СОЗР, кој бил фатен од институциите со бележани пари. Ова е чист доказ дека надлежните институции си ја вршат работата, нешто што во времето на СДС, Филипче и Заев беше мисловна именка“, додаваат од владеачката партија.













