Украинскиот претседател Володимир Зеленски се заблагодари на американските посредници Стив Виткоф и Џаред Кушнер за посетата поради која Киев е поштеден три дена од напади.
„Денеска бевте поефикасни дури и од системите „Патриот“ кои ги штитат нашите граѓани во главниот град. Ви благодарам. Доаѓајте ни почесто“, изјави Зеленски по еден од состаноците со Виткоф и Кушнер.












