Лозарите се оставени во неизвесност додека за музичката програма на „Тиквешки гроздобер“ се трошат милиони денари, обвини Левица-Кавадарци.
Од партијата тврдат дека само за четворица странски изведувачи, заедно со персоналниот данок, се издвоени околу 5.8 милиони денари. Истовреме, како што велат, лозарите немаат сигурен пласман и достоинствена откупна цена.
Левица бара формирање Државен откупен центар и Дестилерија, како и укинување на намалувањето од 8 отсто при исплата на грозјето во готово.












