Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Барал мито за посредување при вработување, фатен со обележани пари – приведен возач во СОЗР на владата

/

Македонија

Сподели преку :

Приведен е возач во Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на владата, потврдуваат за Телма извори од министерството за внатрешни работи (МВР). Неофицијално, тој се сомничи за поткуп за посредување при вработување.

„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единицата за корупција при МВР, постапуваше по претходно поднесена пријава од граѓанин, во координација со надлежниот јавен обвинител. Во рамки на преземените мерки и активности, Д.Ц., вработен како возач во СОЗР при Влада на РСМ, е затекнат при примање на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот до надлежното јавно обвинителство поднесена е соодветна пријава.

Jumbo 2