Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Живот на свеќи, ламби и со помош на агрегати во 21 век – и тивко ветре да дувне и ситно да зароси, четири села во Општина Чешиново-Облешево остануваат без струја

/

Македонија

Сподели преку :

На свеќи, ламби и со помош на агрегати, живеат жителите во селата Чешиново, Уларци, Жиганци и Соколарци. Револтирани се на долгодишното нерешавање на проблемот со дистрибуцијата на струја до нивните домови. Забележуваат дека во 21 век немаат никакви услови за живот, бидејќи како што велат и да дувне тивко ветре или да зароси, тие веднаш немаат струја, а која е пак поврзана и со нивното снабдување со вода, бидејќи со вода се снабдуваат преку бунари, за кои се потребни хидрофори.

Жителите на четирите села во Општина Чешиново-Облешево кои денеска се сообраа да го изразат својот револт, велат дека имаат и штети. Постојано им се расипуваат електричните апарати и храната неможат безбедно да ја чуваат. Стравуваат за здравјето и на своите деца.

Досега многу пати се обратиле до надлежните на ЕВН во Кочани за решавање на овој проблем, а истото го има побарано и градоначалникот на Општината.

Градоначалникот и мештаните побараа од ЕВН да се реши долгогодишниот проблем со дистрибуцијата на електричната енергија во нивната општина, бидејќи немаат услови за нормален живот без струја и вода.

Викторија Јованова

Jumbo 2