Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рекорден раст или рекордно задолжување – власта и опозицијата со дијаметрално спротивно толкување на бројките

/

Македонија

Сподели преку :

Рекорден и историски раст на БДП или рекордно задолжување и туркање кон пропаст. Владеачката ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со дијаметрално спротивни ставови и толкувања на бројките кои ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС) за растот на БДП во вториот квартал на 2026 година.

Опозициската СДСМ го обвини премиерот Мицкоски дека, заедно со министерката за финансии Димитриeска Кочоска, ја манипулира јавноста и крие нови задолжувања, како и дека долгот на државата во моментов изнесува рекордни 12 милијарди евра.

„Мицкоски и Кочоска го фингираат јавниот долг, спротивно на законот, а за тоа следува кривична одговорност. Ако било задолжувањето од 1,3 милијарди евра за 2027 година, како што вели Мицкоски, зошто владата брзала да одлучува пет месеци порано? – И клучно, зошто не ја соопштија таа одлука во јавноста, туку ја сокрија? – Откако ги потрошија милионите евра од кредитот, за да не биде блокиран од страна на доверителите за тековното работење, ЈПДП криминално доби ургентни позајмици од М-НАВ, Државна Лотарија и други државни институции“, обвини Симона Цветановски, членка на ИО на СДСМ.

Премиерот Мицкоски повторно кажа дека растот од 4,3 проценти на БДП-то е меѓу највисоките во регионот и во ЕУ.

„Во вториот квартал, исклучително силна економска активност има во Македонија, во регионот убедливо најголема. Сè уште не се познати податоците за Грција, Косово и Албанија, 2024 година ја завршивме со раст на БДП од отприлика 3 проценти, 2025 година со 3,5 проценти, оваа година во првата половина сме 3,7 проценти, очекуваме годината да ја завршиме меѓу 3,5 и 4 проценти. За првпат можеби после долго време имаме извоз кој што е поголем од увозот, односно побрзо расте извозот, отколку што расте увозот и на тој начин се намалува дефицитот во трговската размена“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Од Финансии повторија дека растот од 4,3 проценти на БДП е еден од најдобрите квартални резултати во изминатите две и пол години и дека станува збор за континуитет. Растот се должи на 16,5 проценти повисоки инвестиции со парите од унгарскиот кредит, зголемен увоз и извоз и раст во градежништвото од, речиси, 22 проценти.

Огнен Чанчаревиќ

Jumbo 2