Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две грнчарски колца сè уште вртат во Злетово и изработуваат автентични македонски производи – репортажа на Телма

/

Македонија

Сподели преку :

Две грнчарски колца и натаму вртат во пробиштипско Злетово. Митко Арсовски 50 години изработува македонски автентични производи.

Татко ми беше грнчар и јас од него го научив занаетоот. Убав и креативен занает. Но и тешка е работа зашто се работи со глина и земја. Важно е да имаш и дарба но најмногу треба работа“, вели тој за Телма.

Асортиманот на производи кој се изработуваат од глина денес е уште поголем – формите се менуваат но и натаму најмногу се изработуваат производи за кујна.

Арсовски вели дека  јадењето е повкусно ако е зготвено во грне.

„Самата глина помага за вкусот но и долгото готвење на јадењето на тивок оган му дава вкус што ние го сакаме“ додава тој.

Репортажите на Телма се емитуваат секој ден од 19:15 час, а репризите се следниот ден од 15:00.

 

Jumbo 2