Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лефков: Филипче и талогот на СДС се против развој на индустријата со дата центри

/

Македонија

Сподели преку :

Венко Филипче и талогот на СДС не се грижат за граѓаните и државата веќе на сите им е јасно. Филипче е против секоја корисна идеја и секој проект како што е и развој на индустрија со дата центрите – реагираше денеска на прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Тој рече дека лидерот на СДСМ, Филипче е на различна страна со своите сопартијци меѓу кои и пратеници.

-Значи и луѓе од СДС гледаат дека развојот на овој вид на индустрија е предност и за граѓаните, но и за Македонија како држава и за нејзиниот развој – рече Лефков.

„Филипче очигледно остана слеп кога станува збор за оваа тема, криејќи се зад тоа дека процесот за развој на оваа индустрија не е транспарентен. Очигледно Филипче не сака ни да ги слушне фактите. Вели дека се грижи за цената на струјата, за користење на водите од страна на еден дата центар. Но, се’ е јасно и јавно кажано струјата ќе се набавува на пазар или од обноновливи извори, а за ладењето потребно за работа на овие центри има повеќе начини, што значи водите не се во опасност. А за националниот дата центар треба да знае дека државата ќе штеди со спојување на податоците на едно место, а податоците ќе бидат безбедни“, додаде тој на денешната прес конференција.

Jumbo 2