Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собранието ја донесе стратегијата за безбедност во сообраќајот

/

Македонија

Сподели преку :

Собранието ја донесе Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 година, со која се предвидуваат интегрирани мерки за намалување на бројот на загинати и повредени во сообраќајни незгоди и подобрување на патната инфраструктура.

Пратениците усвоија и повеќе од 40 закони по скратена постапка, главно за усогласување со Законот за високи раководители. Со измените се предвидува единствен систем за избор, именување, услови за работа и одговорност на високите раководни службеници во државната управа и фондовите.

Пратеничката група на СДСМ гласаше против законите. Координаторот Оливер Спасовски рече дека со измените се прави усогласување за конкретни лица кои раководат со институции, а според него дел од нив немаат соодветно образование за областите со кои управуваат.

Jumbo 2