Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани до изутринава

/

Македонија

Сподели преку :

Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани изутринава до 07:30 часот, од кои еден е активен, три пожари се под контрола, а 27 пожари се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активен е пожарот во Општина Ѓорче Петров, во с. Грачани, при што пожарот моментално е активен на територијата на Р. Косово (шума).

Пожари под контрола има во Општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација); Општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно на Скопска Црна Гора (мешана шума); Општина Струга: помеѓу селата Буринец и Локов (нискостеблеста шума).

Изгаснати се 27 пожари.

Jumbo 2