Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030 како и над 40 нови закони

/

Македонија

Сподели преку :

Собранието попладнево  ја донесе Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 година и над 40 закони по скратена постапка, со кои се прават измени заради усогласување на постојни закони со Законот за високи раководители.

Целта е да се воспостави единствен систем за избор, именување, услови и одговорност на високите раководни службеници во државната управа и фондовите, што ќе го подобри нивното раководење и управување.

Пратениците од СДСМ гласаа против за сите закони, кои на седницата беа изгласани без дискусија. Координаторот Оливер Спасовски образложи дека нивната пратеничка група не дава поддршка затоа што, рече, со предложените 44 закони се врши усогласување за конкретни лица кои раководат со институции и кои немаат специфично образование во областа.

Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 година, која беше изгласана во Собранието, е стратешки документ – рамка за интегрирани мерки и активности насочени кон намалување на бројот на жртви и повредени во сообраќајни незгоди и кон создавање безбедна, ефикасна и одржлива патна инфраструктура, се наведува во образложението на законскиот текст.

Jumbo 2