Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Седми смртен случај од западнонилска треска

/

Македонија

Сподели преку :

Шеесет и деветгодишен маж со повеќе заболувања е седмата жртва на западнонилска треска во земјава. Тој повеќе од 38 дена бил хоспитализиран, но и покрај лекувањето, неговата здравствена состојба не се подобрила.

„Состојбата на хоспитализации е иста мислам дека се 19 пациенти. Само што деновиве имаме уште еден нов сомнителен случај од Радишани. Последните неколку денови сите нови случаи се од Скопје-Север“, рече денеска министерот за здравство, Сашо Клековски.

Сите седуммина починати биле повозрасни мажи со повеќе хронични заболувања. Според Клековски, мажите почесто развиваат тешка форма на болеста, особено доколку имаат хронични заболувања, како бубрежна болест или претходен мозочен удар, што го зголемува ризикот од смртен исход.

Во однос на малолетникот кој беше прободен со нож, тој информираше дека е во стабилна, но сѐ уште животозагрозувачка состојба.

„Последната информација, за жал, ми е од вчера. Стабилна, во животозагрозувачка состојба, сѐ уште. Добрата страна – кинетиката – движењето на срцето е во ред, меѓутоа, сѐ уште е во животна опасност“, истакна ресорниот министер.

По последниот инцидент во Скопје, во кој 13-годишно момче беше прободено со нож, а неговата состојба е критична, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави нов сет мерки за спречување и намалување на врсничкото насилство. Мерките ќе бидат подготвени во соработка со Министерството за образование и наука, со вклучување на експертски тимови кои ќе работат со учениците и родителите.

Тамара  Марковска

Jumbo 2