Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не стравувам од истрага, сè е транспарентно со унгарскиот кредит, тврди Мицкоски – опозицијата се сомнева во кинески капитал

/

Македонија

Сподели преку :

Премиерот Мицкоски тврди  дека не се плаши од истрагата во Унгарија за кредит што го доби земјава во време кога премиер беше Виктор Орбан . Тој смета дека тоа  е внатрешна работа на Унгарија.

„Претпоставувам дека институциите на Унгарија ќе си ја завршат својата работа и ќе излезат со некакво соопштение поврзано со тој заем. ​И второто потпрашање – дали се плашам? Апсолутно не се плашам, затоа што сето тоа е дел од нашето стратешко партнерство, потврдено од двата парламента и двете влади. Средствата се потрошени на транспарентен начин. Изразувам благодарност до Унгарија која како наш стратешки партнер што во времето кога се боревме ја извадиме од банкрот државата поради долговите коишто ги наследивме од бандитската влада на СДСМ и ДУИ, беше прва која ни подаде рака, рече  Христијан Мицкоски, премиер.

Цел свет знае за истрагата за унгарскиот кредит  кој го зема владата на чело со мицкоски и сомневаат во нелегални процеси вели лидерот на СДСМ Филипче

„Сега и нашите стратешки партнери Соединетите Американски држави, веќе јасно знаат дека во земја влегуваат и влегувале во изминатите две години кинески пари. Прво преку заемот кој што дојде од Унгарија, а сега најава преку министерот за локална самоуправа за некакви си проекти во општините. Каде се парите од унгарскиот кредит? Што видовме ние од унгарскиот кредит? Што видоа граѓаните? Им се подобрел стандардот. Имаше ли зголемување на платите? Имаше ли некакви мерки граѓаните да ги надминат овие тешки денови“,рече Венко Филипче, претседател на СДСМ

Унгарскиот  премиер Маѓар уште кон крајот на јули најави дека ќе има истраги за работењето на државната Ексимбанка. Тогаш беше објавено  дека унгарското Министерство за економија до полицијата доставило четири случаи поврзани со банката, меѓу кои и оној за кредитот за Македонија,

Ројтерс вчера повикувајки се на соопштение  на унгарската полиција објави дека  четири случаи мегу кои е и кредитот од една милијарда евра одобрен за Македонија во Ексимбанка се истражуваат за сомнежи за  злоупотреба на службената положба и несовесно управување.  Според полициското соопштение, истражителите во понеделникот заплениле илјадници страници внатрешни документи од Министерството за економија кои ќе бидат анализирани во рамките на истрагата.

Елена Ивановска

Jumbo 2