Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Железници-Транспорт: Градскиот воз сообраќа редовно, без одложувања и пречки

/

Македонија

Сподели преку :

Градскиот воз сообраќа редовно и по утврдениот возен ред, соопштија од Македонски железници – Транспорт по синоќешниот 40-минутен прекин пред железничката станица во Лисиче, кога композицијата остана без електрично напојување поради краткотрајното невреме.

„Поради силното невреме што ги зафати Скопје и Скопскиот Регион, привремено беше прекинат железничкиот сообраќај поради безбедносни причини. Веднаш потоа сообраќајот беше ставен во функција, а „Градскиот воз“ продолжи да сообраќа во рамките на предвидениот возен ред“, се наведува во соопштението на „Македонски железници – Транспорт“, од каде потврдуваат дека Градскиот воз денеска сообраќа без одложувања и пречки.  

Градскиот воз на првата од трите планирани линии, и тоа од Зелениково до Железничката станица во центарот на Скопје почна да сообраќа на 1 септември. Цената на билет за еден правец за градскиот воз изнесува 40 денари, а повратниот чини 70 денари.

Градскиот воз во проблеми пред Лисиче – остана без електричен напон, па продолжи со доцнење од 40 минути

Први проблеми со градскиот воз. Возот кој вечерва во 20:12 часот тргна од станицата Зелениково кон Скопје, остана без напон пред станицата Лисиче и беше блокиран околу половина час на пругата. Возот не можеше да продолжи ниту напред, ниту назад, а според официјалните информации, причина била прекин во напојувањето со електрична енергија. Според патници, возот… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2