Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филипче: Повторно ќе предложиме минимална плата од 36.000 денари и субвенционирање на придонесите

/

Македонија

Сподели преку :

СДСМ повторно ќе поднесе законско решение за зголемување на минималната плата на 36.000 денари, односно 600 евра, а ќе предложи и субвенционирање на придонесите за приватните компании за разликата што произлегува од зголемувањето на платата, најави претседателот на партијата и пратеник Венко Филипче на денешната прес-конференција во Собранието.

Филипче рече дека предлогот доаѓа поради, како што вели, сè потешката економска состојба на граѓаните и зголемените трошоци со кои се соочуваат домаќинствата.

„Имајќи ја предвид ситуацијата, стандардот на граѓаните, имајќи ги предвид секојдневните повици и комуникации што ги имаме со граѓаните, ние повторно во Собранието ќе го поднесеме Законот за зголемување на минималната плата. Бараме минималната плата да се качи на 36.000 денари, односно 600 евра, со што барем некако ќе закрепнат граѓаните, стандардот ќе им се подобри и ќе може да се консолидираат семејните буџети во пресрет на тешките есенски месеци кога ќе се зголемат сметките за струја, дополнително и сметките за греење“, изјави Филипче.

Тој додаде дека во законското решение ќе биде опфатена и мерка за поддршка на приватниот сектор и ќе биде предложена на почетокот на следната недела.

„Уште една мерка е субвенција на придонесите за приватните компании за разликата на придонесите во однос на зголемувањето на минималната плата, да им се помогне и на компаниите и да не им биде дополнителен товар во оваа тешка ситуација, знаејќи колку должи државата и во однос на повратот на ДДВ. Огромен број компании остануваат неликвидни, земаат кредити што веќе не можат да ги вратат и почнуваат да затвораат“, рече претседателот на СДСМ.

Според Филипче, унгарскиот кредит е предмет на истрага, поради нелегални постапки, а од тие пари, како што вели, македонските граѓани не почувствувале никаков ефект.

Филипче оцени дека Владата нема економски резултати и додаде дека граѓаните, според него, не чувствуваат подобрување на животниот стандард. Според него, наместо да инвестира во развој, што би значело подобра економија и намалување на долгот, власта, вели, ги троши парите на партиски тендери.

Jumbo 2