Нов, седми, смртен случај од западнонилска треска и уште еден суспектен, рече министерот за здравство, Сашо Клековски.
„Починатиот пациент беше најдолго хоспитализиран, преку 38 дена и имаме еден нов сомнителен случај од моето последно известување. Состојбата на хоспитализација е иста. Мислам дека се 19 пациенти, бидејќи имаме само еден нов сомнителен случај. Починатиот е од Општина Гази Баба, 69-годишен, со коморбидитети. Новиот сомнителен случај е од Радишани. Од викендот наваму, сите нови случаи се од Скопје-Север“, истакна Клековски.
С.Д.













