Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Автомобил удрил во кучиња скитници, потоа во браникот крај патот и се запалил – едно лице загина во сообраќајна несреќа на излез од Охрид кон Кичево

/

Македонија

Сподели преку :

Едно лице загина во сообраќајна незгода што се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево, на излез од Охрид во близина на локалитетот „Мауцкер“.

Како што посочуваат од СВР Охрид, синоќа во 23:30 часот било пријавено дека патничко возило „Хјундаи Гец“ со охридски регистарски ознаки прво удрило во кучиња скитници, потоа во металните браници покрај патот и се запалило.

Екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид го изгаснала пожарот, а во возилото било пронајдено телото на лицето кои управувало со возилото. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено во Судска медицина на обдукција и за утврдување на идентитетот на лицето.

Од СВР Охрид додаваат дека бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. За време на увидот, сообраќајот на магистралниот пат бил пренасочен по регионалниот пат Охрид-Струга.

Jumbo 2