Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Слаби оценки, помалку ученици и дигитализација, каква иднина го чека македонското образованието?

/

Македонија

Сподели преку :

Училишните клупи нема да се пополнат, но дали ќе се поправат лошите оценки? На почетокот на учебната година остануваат истите предизвици за надлежните. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, потврди дека учениците имаат слаби резултати на домашните и меѓународните тестирања, а тоа го бележат и релевантните истражувања на Обединетите нации. Таа уверува дека се преземаат мерки за подобрување на квалитетот на образованието, но ефектите од реформите, вели, ќе бидат видливи за неколку години.

„Мерките ги преземеме, но јас велам не можеме од денес за утре да ги чекаме резултатите. Резултатите од она што денес го работиме во образованието ќе дојдат најрано по пет-шест години, а оптимално по девет до десет години“, изјави министерката за образование и наука Венса Јаневска.

Според наодите на УНИЦЕФ, македонските ученици имаат слаби резултати на тестирањата и се под светскиот просек на знаење. Само 34 проценти го достигнуваат основното ниво по математика. Од друга страна, Македонија поседува мотивирани наставници за работа, но работат со најниски плати во регионот.

„Ние со СОНК склучивме договор во кој им ги гарантираме покачувањата на платите на наставниците, што сметам дека е од исклучително значење. Затоа што претходно имаше потпишувања, спогодби, договори, ќе има, ќе нема, имавме и штрајк. Во овој случај тие се безбедни и не треба да мислат на платите, платите ќе се покачуваат секоја година. Следната година во март повторно ќе бидат покачени платите на наставниците“, додава Јаневска.

Додека се кројат годишните планови, дигитализацијата полека се пробива во наставата, денеска поддршка добија и учениците од ООУ „Љубен Лапе“, каде што беа доделени првите 30 таблети за учениците од четврто одделение. Вештачката интелигенција сè уште е надвор од наставата. Но, македонскиот образовен систем мака мачи и со демографијата. Од година во година се намалува бројот на запишани ученици во прво одделение. Дополнително, оваа година се затворени и 26 подрачни училишта, а според Јаневска, одлуката била неопходна за децата од овие места да имаат подобри услови за учење и поголема можност за социјализација.

Софија Бислимоски

 

Jumbo 2