По 14 месеци како вршител на должноста Даниела Димовска и официјално го почнува 4 годишниот мандат на чело на Кривичниот суд со ветување дека ќе продолжи како и до сега и ќе ги исполни очекувањата на граѓаните. Еден од најголемите предизвици на Кривчниот суд е недостатокот на стручна служба која последните години се намалила за 130 вработени , судската администрација е силата што стои зад судиите вели Димовска. Се уште не ги добиле најавените вработувања од Владата .
„Со давањето на заклетвата, можам да ветам дека ќе продолжиме со истото темпо и динамика. Во изминатите 14 месеци успеавме да го намалиме приливот на предмети за 4.000. Еден сме од најажурните судови во државата. Успеавме да го намалиме бројот на стари предмети за 53 проценти. Успеавме да немаме ниеден застарен предмет во текот на оваа година. При крај се и процесите за анонимизација на судските одлуки. Во тек е постапката за добивање одобрение од Судскиот совет за нова веб-страница на Судот“, рече Даниела Димовска, претседателка на Кривичен суд.
Димовска пред судиската кариера работела во Собрание во стручните служби на пратеници од ВМРО ДПМНЕ, а нејзиниот сопруг пак е координатор за странски директни инвестиции во МВР. Таа негира дека тие конекции влијаат на нејзината работа. Изминатите години покажав дека работам професионално, транспарентно, независно, без притисоци и без привилегирање на која било страна. Не гледа пречка ниту во тоа што нејзиниот брат како даночен инспектор е осомничен за поткуп во истрагата за Пулс
„Во однос на истрагата за мојот брат, во изминатиот период имало многу истраги и постапки. Некои завршиле, некои биле прекинати. Голем дел од луѓето кои биле предмет на истраги денес се на одговорни функции. Затоа воопшто не сметам дека тоа може да биде пречка или да фрли сенка врз мојата работа“, изјави Даниела Димовска, претседателка на Кривичен суд .
За да се зголеми довербата во судството смета дека судиите треба да носат добро образложени законити и конзистетни одлики. Во однос на критиките за судството кои догаат и под јавноста но и од политичарите смета дека штетно влијаат. Дека судството не е трета власт туку една од трите еднакви власти вели претседателка на Кривичен.
Елена Ивановска













