Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вештак Марковски на денешното рочиште за „Пулс“: Инспекторите правеле надзор по пожарот, претходно од 2012 година немало ништо

/

Македонија

Сподели преку :

Инспекторите правеле надзор во дискотеката „Пулс“ по пожарот во кој животот го загубија 63 луѓе, а над 200 беа повредени. Претходно, од 2012 година, немало ништо, рече вештакот Горан Марковски, кој на денешното рочиште за трагедијата во кочанската дискотека, цитираше делови од записниците што ги изготвиле инспекторите.

Марковски откри дека дури на 16 и 18 март, после пожарот, се изготвени два записника. Документите биле потпишани од Николчо Боцев и Љупчо Стаменков, двајца градежни инженери, а вештаците во потполност се согласуваат со содржината во нив. Марковски потврди дека нема имиња во вештачењето и оти не може точно да се утврди ниту кога биле изведувани градежните работи, бидејќи биле бесправно изведени.

„Во 2019 година било видливо дека објектот претходно бил пренаменет бесправно од лесна индустрија во објект за дискотека што било јасно воочливо и од рекламата која стоела и стои над објектот,“ рече вештакот Марковски.

За објектот, беше речено, е издадено одобрение за деловен објект за лесна индустрија и истиот повеќе од 15 години се користел како објект за угостителска дејност – диско. При првичната контрола во Сектор урбанизам во Општина Кочани нема податоци дека за објектот има издадено решение за пренамена и адаптација.

Марковски рече дека инспекторот имал право и обврска да побара да се врати објектот во првобитна состојба, бидејќи немало проект, а ниту одобрение, а со оглед на тоа што бил наменет за дискотека, носел голем ризик за безбедноста на луѓето во него. Градежниот, пак, можел и морал да делува да биде затворен се додека не се расчистат сите неправилности, дециден беше Марковски.

Марковски веќе два часа одговара на прашања на обвинетиот инспектор Боцев, а родителите на жртвите видно вознемирени го нарекоа убиец.

Jumbo 2