Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АХВ: Се шират неточни и паушални податоци за бројот на угинати животни

/

Македонија

Сподели преку :

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со реакција за состојбата со сипаници кај овците и козите. Од АХВ тврдат дека во јавноста се изнесуваат неточни и паушални податоци за бројот на угинати животни. Според официјалната евиденција, од болеста угинале 196 животни, додека над 7.300 се евтаназирани како мерка за спречување на ширењето.

Болеста досега е потврдена во 63 жаришта во четири региони во државата. Најголем број од жариштата се регистрирани во Источниот регион. АХВ тврди дека мерките на терен се спроведуваат согласно пропишаните процедури и биосигурносни правила.

Агенцијата веќе побарала и обезбедување вакцини, но за нивна примена ќе одлучуваат стручните анализи и епидемиолошката состојба. Сточарите се повикуваат веднаш да ги пријавуваат сите сомнителни случаи за да се спречи натамошно ширење на заразата. Одледувачите во неколку наврати посочија дека смртноста кај стадата можела да се превенира со навремена вакцинација.

Jumbo 2