Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кровот сè уште не е саниран во училиште во Гази Баба – надлежните уверуваат „нема опасност за децата“

/

Македонија

Сподели преку :

Летниот распуст заврши, училишните дворови повторно ќе се наполнат со детска врева, но некаде првиот училишен ден носи и загриженост. Невремето кое го зафати Скопје остави траги врз неколку училишни објекти, а на дел од нив крововите сè уште ја чекаат целосната санација.

Во ОУ „Наум Наумовски-Борче“ во Гази Баба, училиштето ќе дочека безмалку 1000 деца со зграда без кров… Дел од лимовите висат надвор од објектот, родителите загрижени за безбдноста.. Надлежните смируваат Остатоците од оштетениот лим се отстранети…Сепак, за нов кров ќе треба да се почека, прво да се распише тендер, па дури потоа да започне целосната реконструкција.

„За неколку дена ќе се распише јавната набавка и огласот за прибирање на најдобар изведувач. Да апелирам до родителите дека децата се безбедни, затоа што горниот дел од кровот има бетонска плоча што гарантира безбедност на децата од протекување и други несакани дејствија“ вели Ивица Петрушевски директор на ОУ Наум Наумовски Борче

Невремето оштети една од најважните простории во средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“. Силниот ветер и дождот го откорнаа покривот над лабораторијата, оставајќи зад себе проблем кој мораше да се решава брзо, пред враќањето на учениците во училишните клупи. Директорот распишал тендер за санација, а за само еден месец оштетениот покрив е заменет. Лабораторијата е повторно заштитена, а учениците учебната година ја започнуваат во побезбедни услови.

„Беше побарано од Бирото за јавни набавки да даде мислење за почнување на постапка со итност – и позитивно одговори и се изврши избор на најповолен изведувач се започна со работа и со 15.08 се заврши реконструкцијата на кровната конструкција’ рече Дарко Спасев директор на Државно средно училиште Марија Кири Склодовска

За сите објекти со еден став и минситерката јаневска… Нема потреба од загриженост, обезбедени се услови за нормална настава.

„Има плоча и учениците се обезбедени. Се прави проект, родителите да не се загрижени проверено е, инжинери беа на лице место, кровот ќе се направи во текот на учебната година “ рече  Весна Јаневска министерка за образование и наука

Пред еден месец, главниот град беше зафатен од силно невреме, кое предизвика штети на повеќе објекти. Силниот ветер откорна делови од покривите на куќи, згради и јавни објекти низ Скопје ,а низ многу градски наслеби се уште се острануваат паднатите дрвја…

Симона Петровска

 

Jumbo 2