Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од земја и од небо се гаси пожарот во подножјето на Пелистер

/

Македонија

Сподели преку :

Шумските пожари на планината Пелистер и кај селото Градец во гостиварско Врапчиште се најкомплексните пожари со кои се соочуваат пожарникарите и тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

На Пелистер се гаси од земја и од воздух, дејствуваат ресенските и битолските пожарникари, како и доброволци од повеќе градови на државата, заедно со пет тима на ДЗС со пинцгауери. Активен е армискиот хеликоптер кој потоа ќе биде заменет со Ер тракторите, а денес во гасењето се вклучуваат и тимовите на „Ннационални шуми“.

Според официјалните информации на надлежните, од утрово се регистрирани 13 пожари на отворен простор од кои активни се девет, а четири се под контрола.

Гори и на падините на планината Китка и Жеден, како и во Чашка, Боговиње и Македонски Брод. Под контрола е пожарот на територијата на Општина Гостивар кој се закануваше да се префрли кон селата во Поречието, како и пожарите на делчевската депонија и на територијатра на Општина Македонси брод.

Надлежните предупредуваат дека ризикот од пожари на отворено, и покрај неодамнешните врнежи, сè уште е висок, а тоа го покажува и системот МАКФИС кој ја следи состојбата со сувост на вегетацијата.

Огнен Чанчаревиќ

Jumbo 2