Пожарот што избувна од преспанската страна и се шири кон националниот парк „Пелистер“ и натаму е најтежок и најкомплексен во земјава, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Во гаснењето се вклучени пожарникари, доброволци, механизација, ер-трактори и армиски хеликоптер.
Направена е и противпожарна пресека за да се спречи ширењето на огнот кон боровата шума.
При интервенцијата е повреден возач на булдожер, кој при скок од машината ги повредил ребрата.
Тој е згрижен во болница и е во добра состојба.
Ангелов демантираше дека има повредени пожарникари.













