Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сојуз на борци Тетово: Да не се дозволи именување улица по градоначалник од времето на фашистичката окупација

/

Македонија

Сподели преку :

Остро спротивставување од тетовскиот Сојуз на борци против дел од новите предлог-имиња за улици во градот. Фокусот е ставен на Џафер Сулејмани, кој во официјалните предлози е претставен како истакнат лекар, но од Сојузот потсетуваат дека тој бил назначен за градоначалник за време на фашистичката окупација во 1941 година, барајќи итно отфрлање на ова решение како обид за рехабилитација на фашизмот.

Сојузот на борци и граѓаните продолжувачи по анализата на предлозите за имиња кои би се користеле на дел од тетовските улици, алармира дека како неприфатливо е името на Џафер Сулејмани по повеќе основни.

За него е запишано дека бил истакнат лекар, но од Сојузот велат дека тоа не е целосно прикажување на неговата биографија, бидејќи е назначен за градоначалник на тетовската оштина во време на фашистичката окупација во 1941 година.

  • Сојуз на борци: Џафер Сулејмани во јули 1943 година во окупирано Тетово го пречекува фашистичкиот генерал и вицекрал Алберто Париани со највисоки градски почести и леб.Времето на окупацијата било период на страдање на недолжните граѓани, на спроведување на репресивни политики и пропаганди, на милитаризирање и слично. Историјата токму во мандатот на Џафер Сулејмани меѓудругото се сеќава и на ликвидацијата на семејството Кузмановски од Тетово, кое вечерта на 7 јуни 1943 година, во очи на свадбата на ќерката Марица, загинува од окупаторска балистичка банда во својата семејна куќа

Џафер Сулејмани по ослободувањето бил правосилно осуден од надлежен суд.

  • Сојуз на борци: Сојузот на борците од НОАВМ смета дека би било чин против државата и груб обид за рехабилитирање на оние кои се огрешиле против нашиот народ именување на улица во градот Тетово во слободна и суверена Македонија, држава со силен антифашистички темел, со име на градоначалникот од времето на фашистичката окупација Џафер Сулејмани.

По составувањето на двете листи со над 200 имиња, претседателот на Работната група за именување на улици во Тетово, Алби Ќамили порача дека новите имиња ја одразуваат реалноста и историјата на Тетово, како и на етничките заедници кои живеат во градот. Најави дека наскоро ќе се заокружи овој процес со целосно, сеопфатно и институционално одржливо решение.

Александар Самарџиев

Б.С.

Jumbo 2