Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Удриле со автомобил во камион во дефект на автопат – тројца македонски државјани загинаа во Словенија, двајца се повредени

/

Македонија

Сподели преку :

Тројца македонски државјани загинаа, а уште двајца се повредени во тешка сообраќајна несреќа во Словенија што се случила попладнево околу 16:30 часот меѓу Унец и Равбаркоманда, во правец кон Копер, јавија словенечките медиуми.

Според првичните информации на словенечката полиција, во несреќата учествувале товарно и патничко возило. Камионот поради дефект бил запрен покрај автопатот, кога автомобилот удрил во задниот лев дел од приколката.

Во автомобилот, како што соопштија од Полициската управа Копер,, имало пет лица и сите биле државјани на Северна Македонија. Лекар на местото на несреќата констатирал смрт кај три лица. Еден од повредените со хеликоптер бил пренесен во болница, додека повредениот возач на автомобилот бил транспортиран со возило на Итната медицинска помош.

Увидот за несреќата сè уште трае, а на лице место се упатиле и државен обвинител и истражен судија. Повеќе детали за причините за несреќата се најавени по завршување на првичните истражни дејствија.

Jumbo 2