Владата за постапката за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права соопшти дека по едногласниот избор на адвокатката Јелена Ристиќ како нов предлог-кандидат следен чекор е нејзиното разгледување од страна на Владата, потоа нејзината биографија ќе биде доставена до Меѓународниот советодавен панел на експерти за добивање мислење.
Штом биде добиено позитивно мислење од Панелот, ќе биде комплетирана целосната листа од три кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права.
Советодавниот панел на експерти при Советот на Европа го врати назад предлогот на македонската комисија Ана Дангова Хуг да биде еден од тројца предложени кандидати за судија во Стразбур.
- Очигледно е дека не постојат доволно јасни критериуми и можно е критериумите за оценување да не се соодветно усогласени со оние на Советот на Европа, вели во разговор за Телма, Дарко Аврамовски од Коалиција Сите за правично судење, откако повторно уште еден кандидат на листата од тројца предложени за избор на судија во Стразбур не беше прифатен.
Советот на Европа не ја одобри кандидатурата на адвокатката Ана Дангова Хуг, бидејќи не ги задоволувала во целост критериумите за судија во Стразбур.
Во продолжение проследете го целосното интервју на Марија Митевска со Дарко Аврамовски













