Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Расте црната статистика: Уште еден починат од западно-нилска треска

/

Македонија

Сподели преку :

Нов смртен случај од западно-нилска треска, со што црната статистика во Македонија се искачи на шест починати, соопштија денеска здравствените власти. Станува збор за 72-годишен маж од Аеродром, кој бил хоспитализиран пред 15 дена со тешка клиничка слика.

  • На Клиниката за инфективни болести и фербрилни состојби, вчера во попладневните часови, почина 72 годишен пациенти со западнонилска треска и со повеќе сериозни придружни заболување, кој се наоѓал во сериозна општа состојба со тешка клиничка слика, информираше денес директорот на клиниката, д-р Фадил Цана.

Во моментот на Клиниката се хоспитализирани 18 пациенти, од кои 15 со лабораториски потврденена западнонилска треска, тројца се на одделот за интензивна нега, а досега вкупно 27 пациенти биле излекувани и испишани од клиниката.

Западнонилската треска бележи драстичен пораст повеќе од десет новозаразени за една седмица. Од вкупно 53 случаи, 50 се потврдени, додека за три се очекуваат резултатите од дополнителните тестирања .

На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментот се хоспитализирани 18 пациенти. Најмладиот, 26-годишен пациент е во добра состојба, а петмина пациенти се на Интензивна нега со тешка клиничка слика и сите се повозрасни лица.

Има и еден потврден случај во Куманово.

Агенцијата за храна и ветеринарство утрово ја потврди информацијата дека мртов гавран со западно-нилска треска е пронајден во паркот кај општинската зграда во Ресен. Во тој град нема пријавени со западно-нилска треска. До матичните лекари се испраќа упатство со мерки за претпазливост.

  • Веднаш се известени ЦЈЗ Битола и општината во Ресен за преземање засилени мерки и прскање против комарци по индикација. Во моментот уште две птици од скопското подрачје се во фаза на тестирање, ќе следиме како се развива ситуацијата и ќе реагираме. Важно е граѓаните да пријавуваат угинати гаврани, бидејќи гавранот е генерално стационарна птица и е показател на локална циркулација на вирусот, појасни министерот Клековски.

 

Jumbo 2