Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 160 загинати, 600-тини исчезнати во разорната поплава во Непал

/

Свет

Сподели преку :

Овие катаклизмички снимки доаѓаат од Непал. Одрон, а не земјотрес како што беше првично објавено, предизвикаа излевање на реката Ботекоши од сопственото корито, слободниот пад на водата носеше се пред себе. Најмалку 157 лица ги загубија животите, а речиси 600-тини туристи меѓу кои 466 странци се водат како исчезнати, соопшти локалната туристичка заедница по застрашувачките поплави на границата меѓу Непал и Тибет. Меѓу луѓето со кои е загубен контакт има државјани на САД, Велика Британија, Малезија, Индија, Австралија, Холандија, Јужна Африка…

„Половина час откако стигнав на пазарот Дунге, надојде поплава и го уништи целиот пазар. Луѓето се подготвуваа да одат на работа. Не знаеме колку луѓе се водат како исчезнати или се загинати“, вели Шојам Раџбхандари, локален жител.

Поплавата предизвика големи материјални штети врз инфраструктурата. Водата носеше автомобили, автобуси, згради, мостови. Уништени се неколку села, како и патишта и хидроенергетски објекти. Надлежните апелираа до жителите на неколку непалски окрузи да се држат подалеку од бреговите на реките Ботекоши, Тришули и Нарајани, а помош во справување со последиците е побарана од Индија и Кина. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен понуди помош од Европа за Непал и потврди оти е ставена на располагање сателитската служба Коперникус за мапирање на погодените подрачја.

Голем број на роднини на исчезнатите лица се појавија во камп што го подигна непалската војска, со надеж за позитивни вести за нивните најблиски.

Претставници на непалскиот Оддел за метеорологија и климатологија изјавија воочиле одронување на големо парче на мраз на достапните снимки на планината од тибетанска страна. Одронот со себе повлекол карпи и други наноси што подоцна ја предизвикало поплавата. Најтешко погодена област е округот Нувакот  кој се соочува со разорни последици слични на оние од август лани, кога ледничко езеро во соседен Тибет се излеа поради високите температури во планинскиот регион, но денешната поплава несомнено ќе остане запишана како една од најголемите катастрофи во историјата на Непал.

Сашко Димовски